Откако претседателот Иванов го потпиша Законот за амнестија веќе течат петте дена за оние кои сакаат да поднесат барање за да бидат амнестирани.
Игор Дурловски за Пресинг Тв изјави дека викендов ќе ја донесе одлуката, а тоа најверојатно ќе го сторат и останатите обвинети.
За настаните на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.
Меѓу обвинетите има пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.
Законот се однесува на амнестија на обвинетите за организираниот напад на Собранието на 27 април. Според тоа, нема да бидат амнестирано организаторите и подготвувачите на нападот, оние кои извршиле насилство, оние кои носеле фантомки и оружје.
Алијансата за Албанците најави дека Законот ќе го оспори на Уставен суд.
Comments are closed for this post.