Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски коментирајќи го гласањето за уставни измени минатиот петок истакна дека тој ден се случило силување на македонската демократија и политичкиот систем во Македонија. Според него со ова се разјасни сликата за целта на емитувањето на таканаречените бомби и она што се случи минатиот петок, а логичниот след на овие настани е дека целта била промената на името.
-Јасно е што се случи минатиот петок, се случи силување на македонската демократија и на функционирањето на политичкиот систем во Република Македонија. И всушност во петокот се случи одговор на сите оние прашања и дилеми кои што постоеја во јавноста зошто одредени работи се случува во изминатиот период, почнувајќи таму некаде од објавувањето на првите бомби , односно прислушувани разговори и завршувајќи со петокот и сето тоа доби еден логичен след, а логичниот след беше дека треба да се случи промена на името на Република Македонија. Затоа што во петокот отпочна фаза за преименување на оваа држава и практично формирање на нова држава. Затоа што кога ќе го промените името и внатре во Уставот, вие тогаш создавате нова држава, вели Николоски за Алфа Тв.
Тој посочи дека пратениците кои гласаа од опозицијата биле цел на уцена и злоупотребени биле нивните политички мотивирани судења со цел да гласаат тој црн петок, додавајќи дека Заев нема никаков легитимитет да го менува името. Николоски притоа ги спомена предвремените парламентарни избори 2016 на кои СДСМ загуби и неуспешниот референдум со што е јасно дека владата нема поддршка за промена на името.
-Власта односно Заев се далеку од тоа да имаат поддршка, тие всушност не успеаја да обезбедат легитимитет ниту на парламентарните избори ниту на референдумот и се обидоа тоа да го направат со едно класично силување на демократијата. Затоа прво измислија судски процеси, обвинија луѓе, ставија во притвор ги злоупотребија ги притиснаа и на крај злоупотребувајќи ги и злоупотребувајќи им ја маката успеаја да ги натераат да гласаат, заклучи тој.
Comments are closed for this post.