Поранешниот Јавен обвинител Љупчо Коцевски една недела по оставката користел службено возило и возач. „Република“ испрати прашање до Јавното обвинителство дали тој се уште доаѓа на работа и дали во вечерните часови седи во неговата канцеларија.

Поранешниот Јавен обвинител н Љупчо Коцевски беше присутен во зградата на Јавното обвинителство на 22 и на 23 декември со цел реализација на обврски за примопредавање на Канцеларијата и на предметите во работа. За таа цел, на наведените датуми му беше дозволен превоз со службен автомобил на Јавното обвинителство. Од 24.12.2025 година за поранешниот обвинител важат правилата за влез во зградата на Јавното обвинителство како и за сите останати странки, велат од ЈО за „Република“.

Го прашавме Обвинителството и дали со обвинителката Ленче Ристовска изнесувле предмети од зградата , но од ЈО ни одговорија дека немаат такви сознанија.

Коцевски поднесе оставка на 16 декември, истиот ден кога Собранието требаше да расправа за негова смена