Гералд Кнаус од Европска иницијатива за стабилност, кој гостуваше во емисијата „Заспиј ако можеш“, посочи дека претседателот Стево Пендаровски погрешил зошто не прифатил Македонија да влезе во ЕЕЗ. Според Кнаус тоа одбивање сега многу скапо ја чини земјата, а најмногу го чувствуваат граѓаните.
Јас ви велам да станете дел од единствениот пазар на ЕУ. Тоа би значело дека на крајот ќе ги постигнете четирите слободи: Слобода на движење на луѓе, стоки, капитал и услуги. Тогаш ќе живеете исто како да сте земја членка на ЕУ. Тоа е целта. Тоа е чекорот кој мојата земја Австрија, го направи. Австрија најпрво стана членка на ЕЕЗ, а потоа стана членка на ЕУ. Финска и Шведска ги презедоа чекорите, истакна Кнаус.
Кнаус додаде дека не му е јасно зошто владата го сметала тоа за лош потег. Да прифатила владата и претседателот на државата, ќе имале шанса да се докажат и да имаат придобивка.
Придобвиките од членување во единствен пазар е граѓаните и компаниите знаат дека и во Шведска, и во Полска, и во Бугарија, и во Македонија ќе важат истите правила. Тогаш можете да имате производствени синџири, можете да имате странски инвеститори. Тоа се случи на секоја земја членка на ЕЕЗ, појасни Кнаус.
Кнаус потсети дека Велика Британија скапо ја чинеше што излезе од ЕЕЗ.
Ја сфаќам скепсата на вашиот претседател кон членството во второкласна заедница на ЕУ. Тоа не ви е целта. Целта ви е да ги искористите следните години за да се доближите до целосното членство, исто како Финска и Австрија. Треба да ги убедите Французите, Германците, Холанѓаните дека сите балкански држави, вклучувајќи ги и Албанија, Македонија, БиХ и Косово треба да бидат членки ако ги исполнат условите. Тогаш, вашата влада ќе докаже дека е подготвена да ги исполни сите услови, рече Кнаус.
Comments are closed for this post.