Денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „Насилство во општина Центар“ . Се очекува да бидат повикувани сведоци кои треба да кажат што знаат за немилиот настан.

На последното рочиште во март вештак од Србија ги анализираше разговорите меѓу Миле Јанакиески, Никола Груевски и Орце Камчев.

Одбраната тогаш негодуваше од кои причини тогашното Специјално јавно обвинителство се одлучиле да ангажираат вештак од Србија, што е спротивно од членот 236, став 1 од ЗКП според кој вештачењето можат да го вршат само вештаци од Македонија.

Јовичиќ објасни дека не знае дали цедеата се оригинал или копија и оти не навлегувал кога тие се креирани. Но, призна дека таква анализа од други лица е можна.