За да се одржи на власт очигледно не се бираат средства. За да дојдат на власт се користеа „шарените“ и прислушкуваните разговори, за да се смени името осумината пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а за да опстои се посегна и по киднапирање пратеници.
Во стилот на познатата серија „Наркос“ така и во Македонија исчезнуваат пратеници. Во серијата еден од главните сведоци против кланот „Синалоа“ мистериозно го снема на денот кога требаше да дава исказ во Федералниот суд во Мексико.
Така и во „Наркос Македонија“ пратеник исчезна на неколку часа пред гласањето. Кастриот Реџепи одвреме навреме се јавува на Фејсбук или пак на бел ѕид чита видео порака дека е добар, но никој не знае каде е.
Неговиот Фејсбук беше логиран во Бугарија, а потоа протекоа информации дека е на сигурно во седиштето на ДУИ во Мала Речица.
Во новата епизода од оваа серија која ќе се емитува во понеделник, Реџепи самиот ќе открие каде се криел, и најважното дали тоа го направил своеволно или по наговор на локалните шерифи.
Comments are closed for this post.