Со законот за јазици може да настанат несогледливи последици по државата и затоа е неопходно судот да донесе решение за запирање на извршување на сите поединечни акти поврзани со овој закон, смета професорот Јове Кекеновски кој денеска пред Уставниот суд поднесе претставка за оспорување на овој закон.
Според него, законот е спорен по две основим тоа што е донесен без двотретинско мнозинство во Собранието и тоа што во Службен јазик е објавен без указ од претседателот на државата.
Суштината на законот во моментов не ја спориме но факт е дека содржината на законот не кореспондира со амадманот 5. Може да настанат несогледливи последици поради тоа што законот предизвикува финансиски импликации.Се работи за повеќе стотици милиони денари.
Comments are closed for this post.