Откако Артан Груби се најде на американската црна листа повторно се враќа прашаањето за наказнивоста на македонските политичари кои ќе се најдат на оваа непопуларна листа.Иако самото ставање не значи дека судските органи и Обвинителството мора да покранат случај, секако се индиција дека тука има нешто.
Во последната „тура“ политичари од Македонија кои се најдоа на црната листа покрај Артан Груби се најдоа и поранешнот вицепремиер Кочо Анѓушев, и градоначалниците Рамиз Мерко и Стевче Јакимовски.
Но, досега на нив народски кажано не им фали влакно од главата. За некаков судски процес или пак апсење не станува збор.
Поради ова, кај македонските граѓани нема големи очекувања дека ставањето на црната листа на САД ќе значи и одговорност за политичарите.
На почетокот на годинава имаше предлог преку законски измени да се наметне обврска и на обвинителството да отвори предмет доколку владата воведе рестрикции за некој што ќе најде на црните листи на САД и Велика Британија. Се предвидуваше и времено отстранување од функции во случај за некого да се покрене обвинение.
Ном овие измени никогаш за жал не влегоа во собраниска процедура.
Што е црна листа на САД
Црната листа е, всушност, санкции кои се однесуваат на случаи на висока корупција, стекнување огромни материјални придобивки, односи со властите. Најчести „црни списоци“ се сегашни или поранешни владини функционери од целиот свет. но и поврзани компании, блиски соработници или соучесници во високата корупција.
Comments are closed for this post.