Јавното обвинителство денес соопшти дека заради вмешаност во случајот „Рекет“ е побаран притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Јавниот обвинител Љубомир Јовевски на денешната прес-конференција заедно со обвинителката Вилма Рускоска, која го води предметот „Рекет“ рече дека ЈО „утврди дека основите за сомневање се издигнаа на основано сомневање дека јавниот обвинител (К.Ј. н.з.) сторил кривично дело злоупотреба на службена положба.
Јовевски рече дека јавниот обвинител донесе наредба под истрага да биде и Катица Јанева и е побарана мерка притвор..
„Од ноември 2018 до април 2019 еден од осомничените преку претходни пријателски односи влијаел да се изврши службено дејствие кое не смеело да се случи“, рече Јовески.
Голем број полицајци го опколија денес домот и ја затворија улицата во скопската населба Козле каде живее Катица Јанева. Потоа таа беше однесена на судски распит.
Comments are closed for this post.