На денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата претседателот на Комисијата Илија Димовски информираше дека до Комисијата стигнал допис од адвокатката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, во кој што се бара да и се одреди апанажа.
Во образложението на адвокатката на Јанева до Комисијата се наведува дека нејзиното барање е врз основа на законските можности кои не забрануваат и не исклучуваат можност притворени или разрешени функционери да бараат апанажа.
Катица Јанева е една од обвинетите во случајот „Рекет“ заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милевски.
Comments are closed for this post.