Каракамишева: Ако има само претседателски избори ќе има полнење на кутии

24.01.2019 / 11:53


Не верувам дека заедно со претседателските избори ќе има предвремени парламентарни. Ситуацијата и во СДСМ и во ДУИ не е таква за да одат на предвремени парламентарни избори, рече професорката Тања Каракамишева во своето гостување на телевизија Алфа. Таа посочи дека тие сега ќе одат на опција да се почека поканата за НАТО од страна на оваа власт, а не да се оди на избори заедно со претседателските.

Според неа дококлу има само претседателски избори кои ќе ги спроведуваа оваа власт, тоа како што рече „ќе биде класично полнење на кутии, се ќе биде на криминална основа“.

-Ако има само претседателски избори тие ќе бидат класичен фалсификат. Не верувам во успех на претседателски избори. Затоа на Македонија и се потребни претседателски избори, а заедно со нив и предвремени парламентарни избори, посочи Каракамишева.

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

jojobet girişjojobetmarsbahis girişmarsbahismarsbahis girişgamdom girişholiganbet girişjojobet giriş