Комисијата за заразни болести на чело со доктор Жарко Караџовски  во посета на Собранието извршиле контрола на салите и помошните простории, за да се констатира дали се исполнети сите услови за Законодавниот дом да  почне да ги одржува пленарните седници во Сала Македонија.

-Денес имав средба со претседателот и претставниците на Комисијата за заразни болести кои што извршија контрола на салите и помошните простории, за да се констатира дали се исполнети сите услови Собранието да почне да ги одржува пленарните седници во Сала Македонија, со почитување на мерките за заштита од КОВИД – 19, согласно новите препораки на Владата, откако службата, пратениците, обезбедувањето и другите секојдневно присутни во Собранието го завршија процесот на имунизација.Со верба дека законодавниот дом ги исполнува препорачаните услови за работа, ќе го очекуваме позитивниот одговор на Комисијата за заразни болести, напиша Џафери на Фејсбук.

Собранието веќе 10 месеци работи под посебни здравствени протоколи утврдени во координација со Комисијата за заразни болести.