Во Јосифово денесе беше означен поетокот од втората фаза од изградбата на капиталниот објект на системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар.
На отпочнувањето на градежните работи се обратија премиерот Зоран Заев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и претставникот на компанијата изведувач „Штрабаг“, Горан Ракиќ.
Ова е капитална инвестиција за воведување модерни системи за водоснабдувањето во земјоделството во вредност од 24,3 милиони евра, од кои дел се буџетски пари, а дел кредит и грант од КфВ банката. Овој проект има особена важност зашто Валандовскиот регион е подрачје кое на македонсккте пазари носи големи количества земјоделски производи.
Денеска, започнува да се гради системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар, втора фаза. Со реализацијата на овој проект, придонесуваме валандовскиот регион да добие квалитетен систем за наводнување на земјоделските површини. Поради сегашниот дотраен систем за наводнување, земјоделците трпат загуби во производството, а со изградбата на новиот модерен систем се очекува драстично намалување на трошоците за вода“, рече премиерот Заев.
Со реализацијата на втората фаза од овој проект ќе се овозможи квалитетно наводнување на над 2.000 хектари земјоделски површини во валандовскиот регион, поточно во регионот на Јосифово и Пирава.
Вредноста на Проектот за наводнување на јужната доилна на реката Вардар, втора фаза, е над 24,3 милиони евра. Оваа вредна капитална инвестиција ќе придонесе за производство на конкурентни производи од овој наш голем земјоделски регион.
Comments are closed for this post.