Кандидатот за Градоначалник за Општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков се обрати пред младите од Охрид на промоција на Локалната стратегија за млади за Општина Охрид, проект чиј имплементатор е Тијана Тесалоника Шишкоска и е во организација на НМСМ во соработка со ИФЕС и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Во своето обраќање, Пецаков истакна дека младите се иднината и клучот за напредокот на градот.
Нашата цел ќе биде насочена кон намалувањето на младинската невработеност и што повеќе да бидат вклучени на пазарот на трудот.
Младите мора да ја гледаат својата иднина во Охрид, а за таа цел треба да биде донесена долгорочна стратегија за млади. Потребна е инклузија на сите млади и нивна вклученост во креирањето на младинските политики.
За локалните проблеми потребни се локални решенија. Политиката којашто треба да се води е локалните проекти во голем дел да бидат насочени кон подобрување на животот на младите на локално ниво – истакна Пецаков.
Comments are closed for this post.