Откако вчера портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски посочи дека еден од попишувачите во Сарај бил уапсен во полициската акција „Планина“ и побара одговорност од Апостол Симовски денеска реагирашедиректорот на ДЗС.
Ние сме статистичари, а не полицајци за да знаеме дали некој од пријавените попишувачи се занимава со криминал“, изјави Симовски за Плусинфо.
Симовски објаснува дека изборот на попишувачи се врши преку јавен конкурс и дека Законот за попис дозволува дасе пријави секој што ги исполнува условите. Можеби ќе ве интересира
Како ние да знаеме дали некој попишувач се занимава со нелегална работа?
Сите заинтересирани граѓани доброволно се пријавуваат на јавниот конкурс за попишувачи, а условот е да се нашидржавјани, да се полнолетни, да имаат завршено средно образование и да немаат засновано редовен работен однос….Ние сме статистичари, а не полицајци“, вели Симовски
Comments are closed for this post.