Полиција, екипи од Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување цела ноќ го барале исчезнатото девојче кое падна во водите на Вардар во гостиварско откако бегаше од кучиња-скитници.
gostivarpress.mk објавува фотографии од потрагата од девојчето чие тело беше најдено од жители на селото Балиндол, околу 22 часот.
Според првичните информации се работи за 17 годишно девојче од гостиварското село Здуње. Тоа паднало во водите на Вардар, околу 19 часот во близина на гостиварската болница откако претходно се обидувало да се одбрани од куче бездомник. Бранејќи се, стигнало до самиот брег на кејот и изгубило рамнотежа и паднало во водите на Вардар.
Сведоци на трагедијата биле минувачи кои повикале помош, по што беше организирана потрага, но и покрај вложените напори не е спасено
Comments are closed for this post.