Посетата на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, е од официјален карактер, а согласно строгите протоколарни правила тоа вклучува церемонија на положување цвеќе во спомен на значајни личности од нашата историја од страна на гостинот, но не и од страна на Претседателот, појаснување од неговиот Кабинет откако денеска медиимите известија дека црногорскиот претседател сам го посетил гробот на македонскиот револуционер.
Со чинот на полагањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев од страна на претседателот Ѓукановиќ, се возобновува традицијата која беше прекината пред неколку години странски државници да полагаат цвеќе на гробот на Гоце Делчев. Наместо оваа традиција, беше воведена практика да се полага цвеќе на локации промовирајќи го проектот „Скопје 2014“.Согласно официјалниот протокол, делегацијата од македонска страна која беше во придружба на претседателот Ѓукановиќ, беше во состав: министерката Зорица Апостолска, амбасадорот на Северна Македонија во Црна Гора, Михајло Трпкоски и советникот за надворешна политика на претседателот, амбасадор Гоце Карајанов-појаснуваат од Кабинетот на Пендаровски.
Comments are closed for this post.