Трите дописи со кои специјалната обвинителка Катица Јанева ги испрати од притвор со кои дава согласност за преземање на предметите на СЈО од редовното обвинителство се напишани на рака, вели за „360 Степени“ државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.
Тој ги отфрла тврдењата дека едно од писмата на Јанева е напишано на компјутер, на кое таа, наводно, со рака нешто допишала.
Професорот Гордан Калајџиев во настап на ТВ „Телма“ побара одговорност од директорот на затворот во Шутка, Есад Рахиќ и формирање собраниска комисија за преиспитување на случајот.
Дел од обвинителите на Специјалното јавно обвинителство ми кажаа дека писмото на Катица Јанева за предавање на предметите на СЈО на ЈО било пишувано на компјутер и на рака. Кој тоа ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер, на кое таа со рака нешто допишала? За овој скандал треба да се формира собраниска комисија која ова треба да го испита. Кој тоа може да има компјутер во затвор? Тука нешто смрди“, изјави професорот Калајџиев.
Comments are closed for this post.