СДСМ и Зоран Заев се пречка за остварување на правдата во Република Македонија. Аболираниот Зоран Заев подготвува терен за своја идна амнестија од Пендаровски. Зоран Заев станува заштитник на принципот на амнестија, и се плаши од испитувањето на потекло на имотот на политичарите. Затоа Заев е должен пред граѓаните на Република Македонија да одговори на неколку прашања: Зошто не го прифаќа барањето амнестијата да не важи за политичари и носители на функции, и амнестираните да не смеат да се занимаваат со политика? Од што се плаши Зоран Заев да прифати закон за испитување на потекло на имотот на политичарите?, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
Дали стравот од пораз на следните избори кои ќе значат крај на неговата политичка кариера е причината зошто не го прифаќа предлогот однапред да се знае кој ќе биде кандидат за мандатар на новата влада. Дали тоа значи дека Заев грчевито се бори да биде заштитен од пратеничкиот имунитет? Зошто Заев не сака поразениот на изборите да се соочи со одговорност за катастрофалните политики и за престапите пред законите и граѓаните? Потребни се одговори. На политичарите чии политики се поразени од народот местото не им е во политиката. На 12-ти април доаѓаат промените и обновата на Македонија. А од 13-ти април доаѓа и одговорноста за политичарите кои го изневериле народот и ги прекршиле законите, изјави Јанушев.
Comments are closed for this post.