Од лидерската средба едно е јасно. Зоран Заев 7 часа, до рано изутрина се бореше да не одговара за „Рекет“, за поткуп, за матните тендери на неговата криминално-рекетарска банда. Таа лидерска за него и неговите луѓе значеше борба за спас од криминалот кој го прават и затоа тие го гушат и судството и обвинителството, објави на Фејсбик Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев 7 часа се бореше да нема договор зошто ќе треба да одговара и да се соочи со правдата и нема тука некоја посебна демагогија, човекот до гуша е во криминал и затоа се бори да си го задржи и надгради компромитираното СЈО, Рускоска обвинителството, да има Совет на обвинители под команда на Јовевски и Врховен суд целосно пасивизиран и под контрола на СДСМ“, пишува тој.
Јанушев додека дека според Заев, ВМРО-ДПМНЕ бара предметите на СЈО да бидат ставени „под наша контрола“, во обвинителство предводено од обвинител избран од нас, за потоа да истите да исчезнат, што, според него е небулоза.
Заев и СДСМ предлагаат сите обвинители од тимот на Катица Јанева да влезат во новото обвинителство, додека ВМРО-ДПМНЕ бара новиот тим на обвинители да се избере од Советот на обвинители, а не од политичките лидери и партиите. ВМРО-ДПМНЕ, исто така, бара тимот на Јанева да биде вратен на претходните работни места и да има право да аплицира за да стане дел од новото обвинителство, како и сите други обвинители во Република Македонија.
Истовремено, предлогот на Заев и СДСМ е новото обвинителство да има надлежност само за нови предмети по донесување на Законот, т.е да се амнестираат за досегашниот криминал, а ВМРО-ДПМНЕ бара да има надлежност без било какви временски ограничувања.
На Заев “му се измешале брзините”!, истакнува Јанушев.
Comments are closed for this post.