Зоран Заев, водачот на криминално – рекетарската банда на СДСМ со нова кампања и слоган на “Прав пат”!?! Па добро бре, ние во ВМРО да ви го смислевме новиов слоган, немаше да биде толку многу “промашен” …или можеби сфативте конечно што правите, па сами си правите пародија?!?, пишува генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот ФБ профил.

Единствениот пат кој го видовме е оној како се изнесува 1 милион евра рекет, како Македонија е на врвот во корупцијата, криминалните иновации, крвавите тендери во здравството, загадениот воздух, уништеното земјоделие. Патов и не е баш прав, додава тој.