Република Македонија е земја во која што се делат откази само заради укажување на лошите политики на актуелната власт, обвини генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Последниот пример е отказното решение со кое што му е прекинат работниот однос на Цветан Трипуновски, државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Цветан Трипуновски е избркан од работа само заради тоа што е член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и заради тоа што во име на партијата јавно изразуваше сомнеж дека актуелната политика на власта оди на штета на земјоделците, рече Јанушев.
Цветан Трипуновскикако што тврди генералниот секретар на опозициската партија не е избркан од работа заради тоа што не ги исполнувал службените обврски, туку избркан од работа заради тоа што надвор од работното време како член на ВМРО-ДПМНЕ ги презентирал партиските ставови со кои што се укажува на пропустите на актуелниот министер и се предлагаат мерки со кои би се подобрил статусот на земјоделците.
Цветан Трипуновски е избркан од работа бидејќи на 24-ти август укажал дека повеќе од 20.000 тони сливи скапуваат, а земјоделците се соочуваат со егзистенцијална криза и побарал откупна цена од 12 денари за килограм. Цветан Трипуновски е избркан од работа бидејќи на 19-ти септември укажал на штетата од изјавите за производство и продажба на ГМО ориз без конечни анализи. Токму овие две прес конференции се официјално наведени во образложението врз основа на кое е изречена дисциплинска мерка престанок на работниот однос. Да биде апсурдот уште поголем, прес конференциите не се држени во работно време, туку по завршување на истото, дополни Јанушев.
Според Јанушев ова го нема ниту во најмрачните и најдиктаторски држави.
Се брка човек од работа со апсурдно образложение дека бил главен наратор на прес конференција и како претставник на политичка партија нанесува директна штета врз угледот на институцијата и ја поткопува довербата во администрацијата, потенцираше Јанушев.
Comments are closed for this post.