Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во своето гостување во емисијата „Радио Спектар“ зборуваше за многуте криминални случаи со кои се поврзува владата на СДСМ, меѓу кои ги спомна „Рекет 1 и 2“, случајот со пасошите, потоа случајот со Цветанка Иванова, случајот „Леонардо“ и ако се набројат сите, половината ќе се заборават затоа што толку многу работи секојдневно излегуваат на површина, луѓе носат информации, носат документација и не може да се престигне од објавување на криминали, афери и скандали. Имено тој истакна дека поради многуте криминални случаи од власта не се бранат затоа што не станува збор за шпекулации кои се слушнале на улица или од некого, туку станува збор за материјал со докази што се се правело.
-Да бидам искрен она што можам да го кажам со огромно жалење дека не очекувам ништо да направи со овие криминални случаи бидејќи тие имаа шанса да направат и не направија ништо до сега, бидејќи освен што видовме како успеваат да жртвуваат неколку луѓе во случајот „Рекет“, без притоа да буквално се оди до главата на целата оваа афера, во ниту еден од другите случаеви буквално не постапуваат ништо. Не заборавајте дека пред нешто повеќе од година дена имаше огромна афера каде што беа прислушкувани Јавното Обвинителство и судовите. Еден не излезе од тогаш да каже дали има истрага, до што довело истрагата, кој е одговорен, дали е покренет судски предмет за тоа, буквално штама. Милијарда пати сме ги прозивале, но како што може да се каже „мува не ги лази“ продолжуваат со пљачкосувањето на Република Македонија. Меѓутоа она што сум сигурен што ќе се случи е дека за сите оние кои не постапувале и не си ја вршеле својата работа, дека после 12 април ќе следи одговорност. Нека не лежат на уво дека ќе има промена на власта и се ќе се заборави. Напротив овој пат нема да се заборави, порача Јанушев.
Јанушев во своето гостување рече дека во периодот кој следи ВМРО-ДПМНЕ кој има докази за многуте криминали во државата ќе излезе похрабро и посочи дека тоа најверојатно нема да никаква разрешница во однос на одговорноста, бидејќи за да се воспостави ред особено во овој дел на правната држава и владеење на правото со јавно излегување и презентирање на одредени информации или документи не се решава ситуацијата односно проблемот со криминалот и корупцијата.
-За тоа има луѓе кои работат во обвинителството, за тоа има луѓе кои се избрани да бидат судии и тие треба да си ја вршат својата работа која што за жал не ја вршат и знам дека таму има квалитетни, вистински професионалци кои што за жал од овие од останатите не можат да добија шанса, додаде Јанушев.
Comments are closed for this post.