Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека е можно да организираат демонстрации, протести, маршови, можеби блокирање на улици, блокирање на Парламентот, поврзано со случајот Рекет.
Ниту една идеја и начин на делување не е исклучен за да се симне оваа влада од власт, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев во интервју на Радио Слободна Европа што во целост ќе биде објавено во недела, вели дека ги разгледуваат сите можности кои се во рамки на демократските принципи и вредности.
Ниеден начин на делување мислам на демонстрации, протести, протестни маршови, можеби блокирање на улици, блокирање на Парламентот, блокирање на институциите, значи буквално секој оној демократски начин на делување во моментов не се исклучува. Секако дека највисоките тела и органи на партијата, тука пред сè мислам на извршниот и на централниот комитет во следниот период ќе заседаваат и ќе одлучиме кој е најдобриот начин на делување за конечно симнување што е можно побрзо на оваа криминално-рекетарска влада – вели Јанушев.
Comments are closed for this post.