„Новата реалност покажува дека власта нема простор за радост. Нивниот пад започна. ВМРО-ДПМНЕ е политичката партија со најголема доверба кај народот. Граѓаните покажаа дека бараат промени. Удрија тежок шамар на политиките на Заев и власта. Македонија гласаше против криминалот, корупцијата и непотизмот на Зоран Заев и СДСМ.“
Ова го порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Тој истакна дека Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победиле во во 42 општини. Да беа ова локални избори рече Јанушев, сега ќе имавме 42 градоначалници, да беа парламентарни, ВМРО-ДПМНЕ ќе имаше најголем број на мандати и ќе беше новиот мандатар.
„Фактите говорат и дека ВМРО-ДПМНЕ во услови на притисоци, закани и уцени вчера освои 60.000 гласови повеќе отколку во првиот круг. Значи ја зголемивме својата поддршка. Или вкупно ВМРО-ДПМНЕ тежи 380.000 илјади гласа. Односно 42.000 гласа повеќе отколку на локалните избори во 2017 година. За нас како партија ова е огромна одговорност“, рече Јанушев.
На владејачката коалиција и порача – „Сега апсолутната власт значи и апсолутна одговорност за сите неуспеси на власта“.
Comments are closed for this post.