Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, денеска треба да изврши увид во доказите во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал за случајот „Рекет“.
Ова го најави нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска завчера кога заедно со Јанева беа во обвинителството за да бидат известени дека е завршена истражната постапка, по што Јанева беше вратена во затворот „Скопје“ каде што издржува мерка притвор за овој случај.
Увид во доказите вчера изврши Бојан Јовановски, кој е првоосомничен во случајот „Рекет“.
Comments are closed for this post.