„Јане Сандански“ не е веќе неосвоива тврдина. Финансиските пробеми си го направија своето и гостите лесно ги носат бодовите од Аердром.Така беше и попладнево кога Монпење го совлада Вардар со 27-31. Вардар играше со само осуммина ракометари и практично без измени. Кизиќ и Чупиќ повторно брилираа но тоа не беше доволно.
Салата овој пат беше полупразна најмногу поради стравот од Корона вирусот. Но, овој пораз практично не значи ништо бидејќи Вардар во втората фаза како шести во групата ќе игра со Пик Сегед
Comments are closed for this post.