Денеска после шест години минати во затвор на слобода излегува Миле Јанакиески. Тој во периодот од 13.11.2018 година до 17.6 2024 неколкупат беше во притвор и куќен притвор. Во јули минатата година беше прво во Идризово а потоа во Шутка.

Конкретно, Јанакиески доби условен отпус, одлука што ја донесе Апелација.

Јанакиески беше една од најголемите жртви на власта во заминување.Беше малтретиран речиси секојдневно на суд, а понекогаш имаше и по неколку рочишта во денот.