Шефот на државата, Ѓорге Иванов не го потпиша указот за прогласување на Законот за антидискриминација, кој сега повторно е вратен во Собранието.
Во објаснувањето од Вила Водно шефот на државата наведува :
Врз основа на членот 75 од Уставот на Република Македонија, донесов одлука да не го потпишувам указот за прогласување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, што Собранието на Република Македонија го донесе на седницата одржана на 11 март 2019 година“.
Законот предвидува спречување секаков вид дискриминација базирана на расата, бојата, потеклото, етничката и национална припадност, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирани групи, јазик, државност, социјално потекло, образование, религиј или верско убедување.
Законот претходно беше во собраниска постапка во редовна постапка, но беше блокиран цели 8 месеци по што Владата го повлече и го испрати со европско знаменце по скратена постапка.
Comments are closed for this post.