Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар.
Рождеството Христово – Божик како еден од најсветлите и највозвишените денови во христијанството го симболизира новиот живот кој значи нов почеток и нова надеж. На овој важен ден имаме можност да се потсетиме на основните човечки вредности, да бидеме достојни верници и чесни луѓе, да живееме во хармонија и да шириме радост, љубов и добрина. Да направиме сè и на овие празници различностите да не зближат, а вредностите кои нè обединуваат да бидат силата со која се движиме и работиме. Во духот на долговековната традиција, посакувам празничните денови да ги минете во пријатна атмосфера, во кругот на најблиските исполнети со љубов и топлина. Нека ве следи добра мисла, Божикен и човекољубив дух- стои во честитката од претседателот Иванов.
Comments are closed for this post.