Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека народот не сака театар од Заев, сака оставка за да има објективна истрага.
-Понудената оставка од Филипче е изнудена поради притисокот од народот. Партиските инструкции за одбрана на Филипче по социјалните мрежи покажуваат дека Заев несериозно ја сфаќа задачата околу тетовската несреќа. Истрагата може да биде објективна само ако и Филипче, и Артан Груби и Заев си дадат оставка за да нема политичко влијание во самата истрага во која згаснаа 15 животи, се наведува во партиското соопштение.
Посочуваат Заев да не се крие, туку да излезе и даде одговори. Молкот внесува недоверба и покажува дека се заташкуваат и прикриваат докази.
Comments are closed for this post.