Уште еден месец со Европската Унија претседава Португалија која бара начин Македонија и Бугарија да постигнат договор и земјата да добие датум за почеток на преговорите.
Слично беше и пред 19 години.Во 1992 година со тогашната Европската економска заедница претседаваше Португалија. Тогаш се донесе таа Лисабонска декларација која како услов за признавањето на Република Македонија одреди името на државата да не го содржи зборот „Македонија“.
Во тоа време Македонија имаше прогласено независност но не беше признаена од ниту една земја на ЕЕЗ ниту од Обединетите нации.
Условот на ЕЕЗ делумно и се исполни бидејќи со Времената спогодба со Грција Македонија стана членка на ОН со привремената рефенца „поранешна југословенка Република Македонија„
Comments are closed for this post.