Последните случувања на релација Русковска-Муареми покажуваат дека институциите надлежни за борба со криминалот го правеле токму спротивното. Меѓусебните обвинувања за прекршувања на законите даваат одговор зошто криминалот цвета во Македонија и зошто правосудството има само 8% доверба кај граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Но ова воопшто и не зачудува, ако се има предвид дека врхушката на власт е корумпирана до срж, кога владата ја водеше и сеуште ја управува амнестиран криминалец, кога клучните приоритети на власта се како да наместат некој тендер или јавна набавка, кога се прават милионски криминали со физибилити студии и слични други далавери.
Да имаше правна држава до сега за стотиците скандали и афери за оваа власт ќе имаше барем десетина разрешници. Но институциите наместо да го гонат криминалот на власта, тие го прикриваа и штитеа, па дури и биле злоупотребувани за лично богатење. Секаде врие од криминал и корупција, а системот целосно се распаѓа. Власта на СДСМ и ДУИ е свесна дека пропаѓа, па се фрлила во тотална кражба. Им порачуваме дека ќе одговараат за секој криминал што го сториле и за секоја злоупотреба на функцијата која ја направиле, се вели во соопштението од партијата.
Comments are closed for this post.