Инспектори за животна средина на 10 декември открија расфрлан медицински отпад кај хируршките клиники во Скопје, соопшти Државниот инспекторат за животна средина.
Соопштено е дека додава за расфрланиот отпад инспекторите добиле од Служба за општи и заеднички работи на клиничкиот центар.
Медицинскиот отпад, ставен во картонски кутии, спротивно на законот, беше складиран во депо за картонска амбалажа. При подигањето на картонската амбалажа од страна на компанија што собира медицински отпад, кутиите со медицински отпад беа фрлени на земја и растурени, велат од инспекторатот.
Оттаму додаваат дека опасниот медицински отпад мора да биде селектиран, спакуван во жолти кутии или вреќи, потоа да се складира во посебен контејнер и да се транспортира со посебно возило до Дрисла.
Инспекторатот ги задолжил службите да го исчистат местото и да го отстранат медицинскиот отпад на прописен начин.
Државниот инспекторат ќе достави опомена до Хируршки клиники бидејќи тука складираат отпад сите клиники. Истовремено, примерок од медицинскиот отпад ќе се достави до Судска медицина за вештачење и откривање на клиниката од која потекнува отпадот, по што ќе следи и соодветната законски утврдена казна.
Comments are closed for this post.