Обвинителството превзема повеќе дејствија за обезбедување на докази, како што веќе соопштивме. Побарани се докази по меѓународна правна помош од надлежните органи на Република Албанија и Република Црна Гора. Добиени се снимките од безбедносните камери на патиштата, наплатните рампи, граничните премини, како и околу домот на поранешниот премиер, вели Јавниот обвинител Љубомир Јовески.
Обвинителството ја анализира содржината на прибавените докази а истовремено очекува да се добијат и доказите од Албанија. При тоа Обвинителството не утврдува дали има пропусти на одредени институции, туку дали има кривично-правни дејствија од некои лица за овозможување на бегството. Надлежните институции, во рамките на нивната внатрешна организација, треба да утврдат дали и каква одговорност имало во нивното постапување и надлежност. Во овој момент можам да ви потврдам дека Никола Груевски територијата на Република Македонија ја нема напуштено на било кој граничен премин. Сослушани се и сведоци, но за да не наштетам на предистражната постапка други детали не можам да откривам.
Comments are closed for this post.