Клиниката за уво, нос и грло се поднови со нова апаратура со која се изведуваат лесни операции посебно во сферата на хирургијата на синуси која зема се поголем замав и е тренд во сите развиени центри во светот.
Со новата опрема, која чини 130 илјади евра, ќе работи врвен експертски тим кој има огромно искуство во сферата на патологијата на уво, нос и грло.
Воведена е нова метода, третман на пациенти кои имаат потешкотии со опструктивна ноќна апнеа, посочи директорот на Клиниката за уво, нос и грло Јане Нетковски, или нарушување на ритамот на дишењето во текот на спиењето, која е релативно честа посебно кај популацијата над 50-тата година од животот.
Министерот за здравство Венко Филипче рече дека со новата опрема ќе почнат да се изведуваат методи кои досега не се правеле во таа јавна здравствена установа, а ќе се олесни многу изведувањето на методите кои досега се изведувале.
Од Универзитетската Клиника за уво, нос и грло велат дека за операција се чека од две недели до два до три месеци, а годишно се извршуваат 2.000 операции.
Comments are closed for this post.