Германската амбасада во Македонија се заинтересира за случајот на инспекторот Ѓорѓи Илиевски за незаконското унапредување на тројца функционери при добивање звања на Државниот Универзитет во Тетово.
Илиевски на едночасовниот состанок ги информирал во амбасадата за, како што вели, сите аномалии во високото образование, за активностите кои се превземаат против него како и за непочитување на правото и законитоста и инволвирањето на високи фунционери во скандалот.
Откако се вратив од одмор, едноставно повеќе не ми даваат работни задачи, ми ги одземаа предметите. Мобингот е невиден, а доаѓа од страна на премиерот Зоран Заев и од страна на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој целосно го поддржува директорот на Државниот просветен инспекторат, Томе Спировски, кои се во кумановска роднинска врска, изјави Илиевски.
Просветниот инспектор рече дека од германската амбасада за некои работи биле запознати и дека согласно нивните активности ќе ги проследат нивните извештаи до централата на нивната земја.
За жал и тоа го истакнав, желба ми е да добиеме датум за преговори со ЕУ, но со ваквиот чекор на работење тешко можеме да го постигнеме. Од амбасадата констатираа дека не можат да влијаат на домашното законодавство, но ќе преземат чекори со кои ќе информираат други институции надвор од нашата држава.
Илиевски дополнително информираше дека се уште не добил одговор од Агенцијата за државни службеници за неговото деградирање. Тој за ова одново испратил дописи до Народниот правобранител, трудовата инспекција, управниот инспекторат и до ДКСК, но со жалење констатира дека повеќе од три месеци Државната комисија за спречување на корупција нема преземено ништо.
Илиевски најави дека деновиве за неговиот случај ќе ја запознае и Американската амбасада во Македонија.
Comments are closed for this post.