Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не се откажува од идејата за воведување на една изборна единица, уште од овие избори.Тој се надева дека ќе дојде до договор иако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се изјаснија оти се против.

А ние не можеме поинаку, ние им ветивме на граѓаните уште во кампањата во 2016 година дека сме за една изборна единица. Тоа е дел од нашата изборна програма, а и ние веруваме во тоа, рече Заев и додаде дека тоа освен што ќе биде придобивка за помалите партии, ќе биде придобивка и за сите граѓани.