Триесет и осумгодишна скопјанка и нејзиниот 11-годишен син, депортирани од Шведска, синоќа биле уапсени на скопскиот аеродром. По слетувањето во Скопје, при проверката на нивните документи, полицајците откриле дека по жената со иницијали М.Ш. има потерница за апсење, додека момчето било пријавено како исчезнато лице.
Тие двајцата во 2014 година заминале во Шведска каде што барале азил, но тоа барање им било одбиено, по шведските власти ги вратиле назад во Македонија.
Двајцата се приведени, по што момчето е предадено на инспектор за малолетничка деликвенција за понатамошна постапка, додека мајката е спроведена до казнено-поправната установа Идризово на издржување на затворската казна.
Comments are closed for this post.