Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и на Движењето БЕСА, Биљал Касами денеска остварија средба по која двете партии испратија соопштенија до јавноста.
Во своето соопштение БЕСА извести дека го делат мислењето за работењето на актуелната власт. Како што ВМРО-ДПМНЕ објави пред неколку дена, сега и партијата на Биљал Касами излез гледа само во предвремени избори.
Двете политички партии се усогласија дека актуелната влада нема капацитет да ги води најбитните евроинтегративни процеси, затоа неопходни се организирање на предвремени парламентарни избори. Двете страни се согласија вакви јавни средби да продолжат и во иднина, стои во соопштението од БЕСА.
Comments are closed for this post.