Портпаролот на Владата, Мухамет Хоџа, изјави дека покренатата истрага за случајот „Рекет“ во кој сега е осомничена и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, потврдува дека пред во земјава сите се еднакви пред правдата и законите. Хоџа истакна дека Владата повикува на темелна и независна истрга, што ќе заврши што е можно побрзо и ќе ги разоткрие сите детали.
Резултатите од истрагата мора да бидат базирани исклучително на докази и согласно правото. Одговорност мора да има за сите инволвирани. Институциите на извршната власт им стојат на распоалагање на истражните и правосудни органи со цел свој капацитет. Ослобдувањето на целиот правосуден систем дава резултати и очигледно е дека независноста се прифати како алатка што ги охрабри институциите и луѓето да дадат резултати што се очекуваат од правната држава и владеењето на правото – изјави Хоџа.
Владиниот портпарол нагласи дека Владата нема да дозволи случајот да биде негативно искористен за попречување на евроатлантските интеграции на земјата.
Независно од натамошниот развој на случајот во кој сега е осомничена Катица Јанева, Владата очекува од сите истражни и правосудни органи, вклучително и од СЈО, натамошна бескомпромисна борба против највисоките облици на организиран криминал и корупција – истакна Хоџа.
Тој посочи дека ова е уште еден мотив заедно со опозицијата да се заокружи реформата на правосудниот систем и да се обезбеди владеење на правото.
Прашан дали постои загриженост кај Владата за искористување на случајот против евроатлантските процеси на земјата, Хоџа појасни дека ставот на Владата е оти овој случај не треба да биде пречка на нашите аспирации за членство во ЕУ и НАТО.
Продолжуваме со спроведување на реформите се со цел да бидеме членка на НАТО и да ги почнеме преговорите со ЕУ – истакна Хоџа.
Comments are closed for this post.