Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук изрази жалење за смртта на актерката Билјана Беличанец. Тој ја опишува како пријатна личност и одличен актер во Драмскиот театар во Скопје, која најмногу ја запознал како градоначалник на општината Кисела Вода.
Многу чувствителна кон луѓето и со љубов кон работата.Тешко ги примаше неправдите но се трудеше да не го покаже тоа. Со изразено чуство на одговорност кон обврските, како ретко кој.
Многу внимаваше некого да не повреди, да не создаде болка некому.Не сакаше кандидатура за втор мандат. Чувствуваше замор од преголемиот ангажман. Не се штедеше во работата-напиша Груевски.
Comments are closed for this post.