Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја оцени како „политички притисок и политички прогон“ одлуката на Апелацискиот суд да му ја потврди првостепената затворска пресуда за случајот „Тенк“.

-Јас таа одлука ја искоментирав пред околу еден месец во парламентот кога ги кажав сите информации кои ги добив околу политичкиот притисок од судот кои веќе го имаше добиено неколку дена претходно, инструкциите што беа дадени од ВД претседателот на Апелација во кои што таа укажала дека има силен притисок од повисок фактор за да се потврди пресудата на првостепениот суд, ова денеска пред судот го истакна поранешниот премиер Никола Груевски.

-Како што знаете станува збор за политички прогон и политички монтиран процес кои што се тера, а единствено нешто што беше е одложување за после референдумот. Сите правни лекови ќе се искористат независно што амбиентот е познат, рече Груевски.

Тој додава го обвинуваат за влијание да се купи возило со цел покрај другите и тој да се возел во него.

Прашан дали може да се очекува да гласа во Собранието со цел да се спаси на некој начин од затвор, Груевски рече дека нема да ги поддржи уставните измени.

– Јас нема да го изневерам народот, народот си го кажа своето, рече Груевски.