Екс премиерот Груевски од Будимпешта се гласи на Фејсбук околу вчерашната акција во која беа уапсени поранешни високи државни функционери и функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој смета дека со апсењата власта сака да се дефокусира јавноста од рекетот, криминалот, неработењето и предавствата. И дека СДСМ имаат манири како нивните комунистички предци.
Груевски смета дека власта сака да постигне три цели.
Пренатрупани со афери, влегувајќи од грешка во грешка, се трудат со апсењата да постигнат два ефекти: првиот, да ја дефокусираат јавноста од секојдневните крупни и несватливи дури и за мали деца грешки и глупости кои актуелната влада ги креира секојдневно, да дефокусира од предавствата на националните интереси, непотизмот, неработењето, рекетот и криминалите со кои се преокупирани, и втората, да покаже некаква сила и важност со што всушност ги лечат своите комплекси и фрустрации од неуспесите на секое поле, освен сервилноста кон соседите каде што се покажаа многу “ефикасни”. Има и трета, ама таа веќе не поминува кај народот: демек спроведуваат правна држава, во која тие се чесни, а опозицијата – криминалци и корумпирани, вели Груевски.
Поранешниот премиер објаснува како тој гледа на случајот.
СДСМ е трета година на власт. Зошто не ги уапси и сегашниот министер за транспорт и новите службеници околу него што цели две години го правеле истото што претходно се случило: пропуштиле навреме да го одземат земјиштето и да ги вратат парите на тој кој го купил. Половина од 2017-та, цела 2018-та и половина од 2019-та новите власти не го одзеле земјиштето, а ги апсат оние што порано не го направиле истото. Зошто ако веќе за таква работа се апси, што е апсурд, со Јанакиески заедно не е и Сугарески? Ако доцнел Јанакиески, доцнел и Сугарески, вели Груевски.
Comments are closed for this post.