Анализирајќи ги можните последици од изборите за Атина, онлајн изданието на весникот „То вима“, пишува дека се очекува да се отвори голема дискусија во Грција, меѓу владата и опозициската СИРИЗА во однос на Договорот од Преспа, но и дека грчката влада ја загрижува „опасноста од преземањето на власта од националистичкото ВМРО“.
– Веројатноста да има политичка промена во С. Македонија ќе предизвика пресврт во Договорот од Преспа. Иако договорот не може да биде поништен, како што истакнуваат аналитичарите, сепак може да биде доведен во прашање од една, на пример, националистичка влада. Аналитичарите посочуваат дека во таков случај, аспектите на Договорот од Преспа што Грција се стреми да се спроведат, ќе останат неактивни или никогаш нема да се спроведат од една националистичката влада во Скопје, пишува онлајн изданието на весникот „То вима“.
Грција , како што е и логично, внимателно ги следи внатрешните случувања. Од нејзина страна, грчката влада не би сакала на изборите во април во Северна Македонија да победи ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во таков случај тоа би имало национална реторика во соседната земја. Од друга страна, дури и при можна победа на ВМРО-ДПМНЕ, Договорот од Преспа не може да се поништи, можеби би постоеле мали пресврти, пишува информативниот портал „Ајефимерида“.
Грчките новинари коментираат дека ветото на Франција на минатонеделниот Самит на ЕУ и неможноста да се постигне договор за почеток на пристапни преговори за Северна Македонија се причините за предвремените парламентарни избори.
Во однос на синоќешната лидерска средба, медиумите во Грција ги пренесуваат и вчерашните изјави како на претседателот Стево Пендаровски, така и на премиерот Зоран Заев, пишуваат дека постоело консензус и за европскиот пат на Северна Македонија и договор изборите да се одржат на 12 април следната година. Паралелно објаснуваат и информираат дека на 100 дена пред изборите, односно на 3 јануари 2020 ќе биде формирана техничка влада.
Comments are closed for this post.