Дојде денот кога секој глас има тежина. Не дозволувајте некој однадвор да решава за вашите улици, училишта, водовод, канализација, јавен превоз и секојдневни проблеми во вашата општина.
Додека дел од нашите сограѓани се двоумат дали вреди да излезат на гласање, два изнајмени авиони, еден од Дортмунд и еден од Базел, вчера слетаа полни, а ќе си заминаа без ниту еден патник.
Според информации до кои дојде нашата редакција, се работи за луѓе кои не живеат во Македонија, но редовно ги продолжуваат македонските документи. Ним им бил обезбеден лет до земјава и назад — само за да гласаат.
Неофицијално, најголем дел од нив ќе гласаат во Кичево, Струга и Брвеница, каде се очекува тесна изборна трка. Во двата лета имало вкупно 310 патници (146 во едниот и 164 во другиот авион), а претходно слетал и уште еден авион од Цирих со слична група.
Додека други доаѓаат организирано од странство, вие сте тие што живеете тука – со сите последици, со сите надежи, со сите проблеми.
Вашиот глас не е само право, туку и одговорност – не дозволувајте некој друг да ја обликува вашата иднина наместо вас.
Излезете и гласајте.
Затоа што ова не е само изборен ден – ова е денот кога вашето „да“ или „не“ ја одредува насоката на вашата општина.







Comments are closed for this post.