Градоначалникот на Општина Дебарца, Зоран Ногачески, како што пишува Лидер заедно со уште едно лице физички нападнал фудбалски судија на вчерашниот натпревар во село Волино.

Од МВР како што е наведено во текстот, го потврдуваат случајот и велат дека работат на негово расветлување.

На 28 октомври оваа година, во 14 часот и 25 минути, во СВР Охрид било пријавено дека на фудбаското игралиште во село Волино, општина Дебарца, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Сатеска“ од селото Волино и „Охрид Лихнидос“ од Охрид, З.Н.(52) и С.Б.(36), двајцата од село Волино, физички го нападнале главниот судија на натпреварот, според Лидер стои во полицискиот билтен

Ногачески дојде на функција на последните локални избори од редовите на владејачката СДСМ.