Гостиварец осомничен за насилство врз сопругата е лишен од слобода и задржан во полицисска станица.
Според СВР Тетово, 31-годишна гостиварка, вчера (9 декември), пријавила дека претходниот ден околу 20 часот и 30 минути во нивниот дом било извршено семејно насилство од нејзиниот 43-годишен сопруг. Таа во пријавата навела дека, подолго време била изложена на психичко и физичко малтретирање.
По пријавата насилниот сопруг е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.
Comments are closed for this post.