Вработените во бероската подружница на АД Водостопанство на РСМ –  во редовна акција извршија чистење на пределот околу Беровско Езеро.

Како што информираше раководителот на подружницата Зоран Аговски, извршено е косење на обрасната трева на повеќе локации.

Во рамки на подобрувањето на јавната хигиена околу Беровско Езеро собрана е голема количина комунален отпад од пешачката патека околу Беровското Езеро и се окастрени оштетените изданки и гранки. Ова е позитивен пример за тоа како самоиницијативно и институционално треба да делуваме во сферата на општественото живеење, а со цел да си ја заштитиме животната средина и да ја збогатиме туристичката понуда на градот, истакна Аговски.