Сеад Кочан ноќта ја помина во затворот Идризово. Од денеска започна да ја издржува затворската казна од 4 години и 8 месеци. Кочан доцна синоќа го однесоа во затвор полициските „Алфи“ по наредба на судот, објави Алсат.
Беше уапсен во приватна болница каде беше хоспитализиран. Утринава Кочан имал покачен крвен притисок. Бил прегледан во затворот, па добил инјекција.
Од затворот „Идризово“ посочија дека добил солидна соба. Сеад Кочан не го убеди судот дека неговото здравје е кревко и не дозволува да оди во затвор. Лекарските белешки на Кочан ги проверила и комисија од министерството за здравство.
Comments are closed for this post.